Чајна шолја е мала шолја со рачка, со мала големина која може да се фати со палецот и еден или два прста. Обично се прави од порецелан. Најчесто ваквата шолја припаѓа на сервис, составен од шолја и соодветна тацничка. Овие пак можат да бидат дел од чаен сервис заедно со чајник, крем бокалче за млеко, шеќерник и лонче за фрлање.

Украсена чајна шолја на тацничка
Кинеска чајна шолја без рачка

Некои колекционери собираат многубројни уникатни шолји со соодветни тацнички. Подобрите чајни шолји се направени од бел прозрачен порцелан украсен со цветни мотиви. Тие исто така може да го одбележуваат место, личност или настан. Овие колекционери исто така собираат и сребрени чајни лажички. Овие обично имаат украсени керамички вметки во дршката со исти или слични мотиви.

Првите шолји направени конкретно за пиење на новиот напиток - чајот - во Европа биле увезени од јапонскиот пристаништен град Имари. Чајните садчиња во Далечниот Исток немале рачки, и затоа првите европски имитации направени во Мајсен, исто така биле без рачки.

Поврзано

уреди