Часлав Аранѓеловиќ

Часлав Коста Аранѓеловиќ (13 ноември 1923 во Скопско1944Македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Часлав Аранѓеловиќ
Роден 13 ноември 1923
Скопско, Кралство СХС
Починал 1944

Животопис

уреди

Откако го завршил Земјоделско-шумарскиот факултет, тој работел како инженер по шумарство во Скопје. По навлегувањето на окупационите фашистички сили, се поврзал со приврзаниците на Народноослободителното движење на Македонија и ја помагал борбата против окупаторите. Особено се истакнал во собирање на материјална помош, која била од огромно значење во тој период.

На 7 август 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во борбите против бугарските и германските фашистички окупатори. Во судирите се пројавувал со храброст. Животот го загубил во несреќен случај. При чистење на оружјето, од страна на негов соборец, ненамерно бил испукан куршум кој бил кобен за Часлав.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 27. На |first= му недостасува |last= (help)