Црната Пештера се наоѓа во подножјето на врвот Голем Осој (1.005 м), околу 0,5 км југозападно од селото Трпејца, Охридско. Влезот на пештерата се наоѓа 1,25 м над езерското ниво. Истиот има северозападна експозиција, со широчина од 3 м и најголема височина од 2,5 м. Вкупната должина на пештерата Црна достигнува 14,5 м, со површина на пештерската внатрешност од 40 м2.[1]

Црна Пештера
МестоТрпејца, Охридско
Должина14,5 м
Влезови1

Во оваа пештера е наоѓалиштето Црна Пеш (Крстон Заб), и тука се најдени остатоци од живеалиште од неолитот[2] — досега најраните утврдени жители на подрачјето на Трпејца.

Наводи

уреди
  1. Манаковиќ Д., Андоновски Т., Колчаковски Д. (1993): Подземни карстни форми во Националниот парк „Галичица“. Годишен Зборник на ПМФ, Институт за Географија, бр. 31-32, стр. 37-71, Скопје.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 279. ISBN 9989-649-28-6.