Црквиште (Трап)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Црквиште

Карта

Местоположба 41°7′56″N 21°28′11″E / 41.13222° СГШ; 21.46972° ИГД / 41.13222; 21.46972
Основни податоци
Место Трап
Општина Могила
Тип

 населба


Период неолитско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Црквиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Трап. Претставува населба од неолитско и доцноантичко време. Се наоѓа југозападно од селото, во непосредната близина на селската црква „Св. Петка“, каде се издига тумба со неправилна кружна основа, со пречник од околу 220 м и зачувана височина до 5 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж, камени и коскени орудија. Исто така, се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал од доцноантичкото време.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069