Црква „Христос Седржител“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Христос Седржител (грчки: Χριστός Παντοκράτωρ) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Христос Седржител
Χριστός Παντοκράτωρ
Карта
40°31′16.85″N 22°12′8.34″E / 40.5213472° СГШ; 22.2023167° ИГД / 40.5213472; 22.2023167
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата е подигната во XIV век и првично била еднокорабен храм со дрвен покрив, а подоцна по радијална интервенција е претворена во двокорабна базилика. Во XVI век е додаден северниот кораб на наосот, а околу 1687 г. е дограден тремот на јужната страна.[2] Во храмот е зачуван живопис од XVI век, од 1687 г. во јужниот трем и од 1726 г. Се истакнуваат „Успение на Пресвета Богородица“, „Рождество на Пресвета Богородица“, „Сретение Господово“ и „Крштение Господово“.[1]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Χριστός ο Παντοκράτωρ“. Discover Veria. Посетено на 17 јули 2016.
  2. 2,0 2,1 „Τα θρησκευτικά μνημεία της Βέροιας“. Ο Τουρισμός της Βέροιας. Посетено на 17 јули 2016.
  3. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди