Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Стара Сајта

црква во Стара Сајта, Нигритско

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква кај селото Сајта, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Карта
40°49′11.7″N 23°33′46.0″E / 40.819917° СГШ; 23.562778° ИГД / 40.819917; 23.562778
МестоСајта, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1730
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Црквата е изградена во 1730 г. според зачуваниот мермерен натпис. Се наоѓа на местото на старото село Сајта на Орсова Планина.[1] Ограбена е за реме на германската окупација во Втората светска војна. Во 1947 - 1949 г. селото е уништено во борбите на Граѓанската војна и преместено на рамниот простор на север. Црквата е обновена. Во Серскиот црковен музеј се чуваат две икони од храмот.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.