Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бистрица
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во азотското село Бистрица.
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата со камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Парохија | Богомилска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°36′54″N 21°30′55″E / 41.61500° СГШ; 21.51528° ИГД |
Место | Бистрица |
Општина | Чашка |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | 1853 |
Живопис | 1856 1888 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Црквата се наоѓа во селото, во близина на главниот асфалтен пат, од каде има патокази.
Историја
уредиЦрквата Света Богородица е подигната во 1853 година.[1]
Архитектура
уредиЦрквата е од типот на базикални трикорабни градби со широка полукружна апсида на исток. Градена е од кршен камен и покриена со едноставен двосливен покрив. Има два влеза, од јужната и од западната страна, шест прозорски отвори лачно засведени на јужната страна и по еден крстовиден на исток и на запад во вид на детелина, сите изведени со делкан камен. Трите кораби во внатрешноста на црквата се создадени со помош на два низа од по четири масивни столба, кои меѓу себе се лачно поврзани. Таваницата е рамна, со тоа што средишната ги надвишува обете бочни. Средишната таваница е со касетирана декорација, а средишно е поставен медалјон во кој е насликана допојасна претстава на Исус Христос Седржител, кој со обете раце благословува, а во скутот има отворено евангелие. Олтарот, одвоен со висока трикатна иконостасна преграда, создаден е од полукружна апсида и две мали ниши од проскомидијата и ѓаконикот. На западната страна има дрвена украсена галерија на кат.[1]
Фрескоживопис
уредиЦрквата е живописана во две наврати, еднаш во 1856 година и повторно во 1888 година.[1]
На северниот ѕид, од запад кон исток, во двете зони е насликан Страшниот суд од зографот што работел во 1856 година. Во продолжение, од друг порудиментиран зограф што ја забележал годината на изработка (1888) во првата зона се насликани „Св. Василиј“, „Св. Ѓорѓи Јанински“ и „Св. Харалампиј“, додека во втората зона над нив е насликано Вознесението на св. Илија. Од зографот што сликал во 1856 година е преостанатиот живопис во црквата. Така, во апсидата во првата зона се насликани фронтални претстави на архијереите „Св. Никола“, „Св. Василиј“, „Св. Јован“, „Св. Григориј“ и „Св. Атанасиј“, во конхата е насликана Богородица Ширшаја небеса со Христос во медалјон на градите, а во жртвеникот е Исус Христос Агнец. На јужниот ѕид од исток кон запад се насликани „Св. Димитриј“, Св. Јован Богослов“, „Св. Атанасиј“, „Св. Антониј“, „Св. Дамјан“, „Св. Пантелејмон“, „Св. Кузман“ и архангелот Михаил.[1]
-
Внатрешноста на црквата
-
Царските двери од XVII век
-
Икона на Свети Димитриј
-
Престолната икона на Света Богородица со Христос (1853 г.)
-
Икона на Свети Никола од XVII век
-
Фрагмент од иконата на Свети Никола со натписот на дарувачот
Иконостас
уредиЗографот што го сликал живописот во 1856 година претходно ги изработил иконите за иконостасот во 1853 година. На трикатниот иконостас од север кон југ, во редот на престолните икони се насликани: св. Меркуриј со св. Ѓорѓи, Богородица со св. Димитриј, потоа св. Ѓорѓи на коњ ја спасува принцезата, св. апостоли Петар и Павле, архангел Михаил на северната врата, Вознесение Христово, каде е забележана годината 1853, потоа Богородица со Христос, средишно поставените царски двери со едноставна резба и сликаната композиција на Благовештението и допојасните претстави на Соломон и Давид, продолжува со претставата на Исус Христос седржител, св. Јован Крстител, св. Никола, архиѓаконот Стефан на јужната врата и Вознесението на св. Илија.[1]
Вториот ред икони е посветен на денсисот со апостоли и е измешан од повеќе различни светители. Гледано од север кон југ, од оштетувањата е непрепознатлив, потоа следува св. Тома, св. евангелист Лука, св. Никола, св. Антониј, св. Петар, св. Катерина, Богородица, Исус Христос, св. Павле, св. Андреј, св. Јован Богослов, св. Никола, св. Јован Крстител, св. Јован Богослов, св. Арсениј, св. Филип, св. Јаков, св. Марко, св. Вартоломеј.[1]
Во третиот, празничен ред икони влегле претставите: св. Константин и Елена, Цветници, св. Бессребреници Кузман и Дамјан, Благовештение, Крштевање, Отсекување на главата на св. Јован Крстител, Рождество Христово.[1]
Од истиот зограф во црквата има и придружни икони, надвор од оние поставени на иконстасот.[1]
Од постарите икони во црквата се сочувани „Царските двери“, иконата на „Св. Никола“ и неевидентираната икона „Св. Димитриј на коњ“.[1]
Царските двери и иконите што се депонирани во црквата очигледно е дека се донесени од помалата црква „Св. Ѓорѓи“ во непосредна близина на селото Бистрица.
Галерија
уреди-
Црквата со камбанаријата
-
Поглед на крстот на црквата
-
Црквата со камбанаријата
-
Фреска над влезот во камбанаријата
-
Фреска на Богородица над влезот во црквата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бистрица на Ризницата ?