Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бистрица (Велешко)

црква во селото Бистрица

Свети Ѓорѓи — гробјанска селска црква во азотското село Бистрица.

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата со околните гробишта

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Богомилска
Местоположба

Карта

Координати 41°36′38″N 21°30′49″E / 41.61056° СГШ; 21.51361° ИГД / 41.61056; 21.51361
Место Бистрица
Општина Чашка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба XVII век
Завршено XVII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Црквата се наоѓа под селото, вкопана во земја, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја

уреди

Според стилско-ликовните одлики на сочуваниот фрескоживопис, црквата потекнува од XVII век.[1]

Архитектура

уреди

Црквата е мала еднокорабна градба со неправилна полукружна апсида на исток. Градена е од кршен камен и покриена со едноставен двосливен покрив. На западната страна, црквата има затворен трем. Црквата имала полуобличест свод, кој во поново време е заменет со рамна таваница, што може да се заклучи од неприродното преполовување на сликаните композиции во внатрешноста.[1]

Фрескоживопис

уреди

Согласно напишаната година (1697 г.) на икона на Свети Никола во црквата, се претпоставува дека во тој период е насликана и целата црква.[1]

Живописот во внатрешноста на црквата е препокриен со вар, а од она што е сочувано може да се идентификуваат следниве сцени: во конхата на апсидата е насликана Богородица Ширшаја со допојасна претстава на малечкиот Христос во медалјон насликан на нејзините гради. Во долната зона, како дел од Службата на архијереите насликани се претставите на двајца архијереи со отворени свитоци во рацете од кои оној од јужната страна е Јован Златоуст. Јужно од конхата на апсидата е насликана Богородица застаната пред архитектонска градба, како дел од композицијата на Благовештението. Под нејзината фигура, сочуван е портрет на непознат архијереј. На јужниот ѕид е сочуван детаљ од капењето на малечкиот Христос, како дел од композицијата Раѓањето Христово. На западната страна е сочуван дел од композицијата Успението на Богородица. Богородица е легната на посмртна постела, а ја придружуваат двајца светители и еден ангел.[1]

Иконостас

уреди

Според анализата на сочуваната резба, царските двери може да потекнуваат од крајот на XVI или почетокот на XVII век. Кога би ја прифатиле годината запишана на иконата на Свети Никола дека е сепак 1697 година, што според некои автори е поприфатливо, тогаш и хронологијата на дверите би ја уточниле според овој податок.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум (6): 203. Посетено на 17 јули 2018.

Надворешни врски

уреди