Црква „Св. Христофор“ - Солун

црква во Солун

Свети Христофор (грчки: Αγίου Χριστοφόρου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Христофор
Αγίου Χριστοφόρου
Карта
40°36′33″N 22°59′15″E / 40.60917° СГШ; 22.98750° ИГД / 40.60917; 22.98750
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типротонда
Изградба1987 – 1994
Управа
ЕпархијаСолунска

Храмот се наоѓа во населбата Горна Тумба, на границата со Капуџилар, на улица „Атанасиос Стагеритис“ бр. 123. Градбата претставува ротонда, дело на архитектот Димитриос Христидис. Парохијата е основана во август 1982 г. по инсистирање на мештаните. Сојузот на резервните офицери порадил парцела за изградба на храмаот. Од 1982 до 1987 г. на ова место имало монтажен параклис, а на 9 мај 1987 г. митрополитот Пантелејмон II Солунски го поставил камен-темелникот на новата црква. Отворена е на 27 ноември 1994 г од истиот митрополит. Стариот храм станал нејзин параклис, сега под името „Св. Јован Богослов“.[2]

Црквата има два параклиса. „Св. Гликерија“ е во населбата Константинополитика. Основана е на 13 мај 2013 г. од митрополитот Антим Солунски и има облик на крстовиден храм со купола, дело на архитект Продромос Василијадис. Пред да запонче изградбата на таа црква, од 2006 г. работел мал параклис. „Св. Катерина“ е во градината, над кривината на обиколницата. Нејзината изградба започнала во 1990-тите и станала параклис на „Св. Христофор“ во ноември 2011 г.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Άγιος Χριστοφόρος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-24. Посетено на 21 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 85.
  3. Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 86.