Црква „Св. Фотиј“ - Солун

црква во Солун

Свети Фотиј (грчки: Αγίου Φωτίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Фотиј
Αγίου Φωτίου
Карта
40°35′52″N 22°57′4″E / 40.59778° СГШ; 22.95111° ИГД / 40.59778; 22.95111
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Мреж. местоagiosfotios.gr
Архитектура
Изградба1997 – 2009
Управа
ЕпархијаСолунска

Храмот се наоѓа на улиците „Ласкаратос“ и „Марија Калас“, во јужниот дел на населбата Пирги. Камен-темелникот е поставен на 27 септември 1997 г. од патријархот Вартоломеј и митрополитот Пантелејмон Солунски. Отворен е на 10 јуни 2007 г. и осветен на 17 мај 2009 г. од митрополитот Антим Солунски.[2] Во храмот се чуваат мошти на Апостол Лука Евангелист и дел од Чесниот Крст.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Άγιος Φώτιος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-24. Посетено на 10 октомври 2016.
  2. „Ιστορικό Ανεγέρσεως Ιερού Ναού Αγίου Φωτίου του Μεγάλου“. Ι.Ν.Αγίου Φωτίου. Архивирано од изворникот на 2016-10-28. Посетено на 10 октомври 2016.
  3. Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 97.

Надворешни врски

уреди