Црква „Св. Троица“ - Ругуновец
Света Троица — црква во градот Ругуновец, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Света Троица | |
---|---|
Αγίας Τριάδος | |
40°59′51″N 22°34′13″E / 40.99750° СГШ; 22.57028° ИГД | |
Место | Ругуновец, Гуменџиско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архитект(и) | Андон Китанов |
Завршена | 2013 |
Управа | |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
По доселувањето на турски Грци во Ругуновец во 1920-тите, тие изградиле своја парохиска црква „Св. Троица“, напоредно на постоечката македонска црква „Св. Атанас“. На крајот на векот храмот станал премал за пораснатото население на градот. Откако градбата сериозно настрадала во земјотресот од 1991 г. решено е да биде урната и на нејзино место да се подигне нова и поголема. Камен-темелникот на црквата е поставен на 31 август 1998 г., а истата е завршена и осветена во 2013 г. Црквата зафаќа површина од преку 900 м2 и има галерија во облик на буквата П, која служи како женска црква.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Θυρανοίξια Ι. Ναού Αγίας Τριάδος Πολυκάστρου“. Amen.gr. 29 април 2013. Посетено на 25 јуни 2014.