Црква „Св. Троица“ - Долно Христос

црква во Долно Христос, Серско

Света Троица (грчки: Αγίας Τριάδος) — црква во селото Долно Христос, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Света Троица
Αγίας Τριάδος
Карта
41°7′5.7″N 23°27′38.5″E / 41.118250° СГШ; 23.460694° ИГД / 41.118250; 23.460694
МестоДолно Христос, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполна базилика
Завршена1986
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Првичната црква е изградена во 1930 г, но кон крајот на векот станала премала за потребите на населението. Во 1986 г. е срушена и на нејзино место е подигнат денешниот храм. Истиот е осветен на 1 април 1995 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполна базилика со нартекс на запад и камбанарија на југозапад.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίας Τριάδος“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 18 октомври 2019.