Црква „Св. Спиридон, Никола и Елевтериј“ - Бер
црква во Бер, Егејска Македонија
Свети Спиридон, Никола и Елевтериј (грчки: Άγιος Σπυρίδων, Νικόλαος και Ελευθέριος) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата „Св. Јован Милостив“.[2]
Свети Спиридон, Никола и Елевтериј | |
---|---|
Άγιος Σπυρίδων, Νικόλαος και Ελευθέριος | |
40°31′30″N 22°12′16″E / 40.52500° СГШ; 22.20444° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е подигната на почетокот на XIX век. Во XX век претрпела големи архитектонски промени. Нема зачувани стари фрески, но има вредни икони. По рушењето на црквата „Св. Никола Дрварски“ во 1975 г., овој светец заедно со св. Елевтериј почнал да се почитува во „Св. Спиридон“ и храмот го добил денешното име.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Άγιος Σπυρίδων της ενορίας του Αγίου Ιωάννη του Ελεήμονα“. Discover Veria. Посетено на 23 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 23 јули 2016.