Црква „Св. Спас“ - Крушево (Валовишко)
Свети Спас или Вознесение Христово (грчки: Αναλήψεως Αχλαδοχωρίου) — средновековна пештерна црква кај селото Крушево, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.
Свети Спас | |
---|---|
Αναλήψεως Αχλαδοχωρίου | |
Поглед на црквата | |
41°21′35″N 23°35′47″E / 41.35972° СГШ; 23.59639° ИГД | |
Место | Крушево, Валовишко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | среден век |
Управа | |
Епархија | Валовишка |
Црквата е сместена во пештерата Капе, засолната во јужните пазуви на планината Алиботуш (Славјанка). Има зачуван живопис од доцновизантискиот период.[1] Според преданието пренесено од Јордан Н. Иванов, изградена од некојси Трајче, кој тука се спасил во прогонот на христијаните. Месниот управник наредил да ја изгорат, но таа останала недопрена во пештерата.[2] Храмот „Св. Спас“ е сликовито опишан од поетот Пејо Јаворов во делото „Ајдучки копнежи“.[3] Во 1916 г. пиринскиот историчар и фолклорист Антон Попстоилов напишал:
„ | На север од „Градиште“, на дното на пештерна клисура има пештера по име „Капè”, во која има пештерна црквичка „Св. Спас“, на атарската граница меѓу селата Крчово и Крушово. Таа црквичка е многу интересна бидејќи има остатоци од стар иконопис со словенски натписи. Иконописот и натписите се многу оштетени затоа што врз нив има втор слој малтер и иконопис од 1855 г.[4] | “ |
Во 1992 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/29346/521/2-7-1992 - ΦΕΚ 472/Β/22-7-1992“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-31. Посетено на 27 октомври 2014.
- ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 25–26.
- ↑ Яворов, Пейо. „Хайдушки копнения“.
- ↑ Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 313.
Надворешни врски
уреди- Цркви и параклиси на селото Крушево, Валовишко (грчки)