Црква „Св. Прокопиј“ - Бер
црква во Бер, Егејска Македонија
Свети Прокопиј (грчки: Άγιος Προκόπιος) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Сретение Господово“.[2]
Свети Прокопиј | |
---|---|
Άγιος Προκόπιος | |
Поглед на црквата | |
40°31′40″N 22°12′6″E / 40.52778° СГШ; 22.20167° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е подигната во XIV век како еднокорабен храм со дрвен покрив. По архитектонските интервенции до почетокот на XVII век, храмот е претворен во трикорабна базилика. Внатре се зачувани забележнителни фрески од крајот на XIV век, сместени врз западниот ѕид на првичниот храм. Во 1589 и 1607 г. црквата е повторно живописана со вредни фрески — Рождество, Благовештение, Вознесение и други. Во црквата се чуваат и мноштво вредни икони.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Άγιος Προκόπιος“. Discover Veria. Посетено на 29 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 29 јули 2016.