Црква „Св. Преображение“ - Солун (XX век)
црква од XX век со Солун
Свето Преображение (грчки: Ιερός Ναός Μεταμορφώσεως του Σωτήρος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свето Преображение | |
---|---|
Μεταμορφώσεως του Σωτήρος | |
40°36′38″N 22°57′25″E / 40.61056° СГШ; 22.95694° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Мреж. место | inmetamorfoseos.gr |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1969 – 1984 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Парохијата е една од најновите и најголемите во градот. Сместена е во населбата Пирги на улица „Делфи“. Создадена е во 1969 г., кога е отворен приземниот кат на храмот. Црквата е отворена во 1984 г. и осветена на 2 ноември 1986 г. од митрополитот Пантелејмон Солунски. Од март 2003 г. во црквата има копија на иконата „Достојно Ест“.[2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Μεταμόρφωσις του Σωτήρος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-24. Посетено на 10 октомври 2016.
- ↑ „Ιστορικό Ανεγέρσεως Ιερού Ναού Αγίου Φωτίου του Μεγάλου“. Ιερός Ναός Μεταμορφώσεως του Σωτήρος. Архивирано од изворникот на 2016-10-28. Посетено на 10 октомври 2016.
- ↑ Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 79.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на црквата (грчки)