Црква „Св. Петка“ - Лагадина
Света Петка (грчки: Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής) — црква во градот Лагадина, Егејска Македонија. Претставува една од катедралите на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Света Петка | |
---|---|
Αγίας Παρασκευής | |
40°45′8.0″N 23°3′48.6″E / 40.752222° СГШ; 23.063500° ИГД | |
Место | Лагадина |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполна базилика |
Завршена | 1934 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Лагадинско |
Епархија | Лагадинско-ајватовско-рендинска |
Храмот се наоѓа во центарот на градот. Изграден е во 1934 г. врз темелите на претходна црква од 1860 г., урната во почетокот на 1920-тите. Претставува крстокуполен храм во византиски стил.[1]
Внатре се чуваат 105 преносливи икони од XVIII (1790), XIX (1849, 1868, 1882, 1892) и XX век (1902), од кои дел се творби на истаканти зографи од Кулакиската школа. Зачувано е и распетието на стариот иконостас, два други дела од него со Светите Апостоли, две хоругви за поворки, 47 литургиски предмети, како и 48 старопечатени и ракописни книги, од кои се издвојуваат две евангелија од 1768 и 1791 г. и ракописна служба на Света Кирана со приписка од 1819 г.[1]
-
„Св. Константин и Елена“
-
„Света Петка“
-
„Свети Никола на престол“
-
„Пресв. Богородица на престол со Младенецот“
-
„Свети Димитриј“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. VII. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Лагадина на Ризницата ?