Црква „Св. Петка“ - Криводол
црква во Криводол, Драмско
Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκενής Καλλιθέας) — црква во селото Криводол, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Света Петка | |
---|---|
Αγίας Παρασκενής | |
41°6′59.0″N 23°54′55.6″E / 41.116389° СГШ; 23.915444° ИГД | |
Место | Криводол, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | еднокорабен храм |
Завршена | 1890 |
Управа | |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Црквата е изградена во 1890 г. според плочата вградена однадвор на шестстарната апсида. Некои од иконостасните и другите икони ја носат годината 1891. Храмот има женска црква со свој влез од јужната страна и трем на западната, лесно навален на север. Внатре се чува вреден амвон на кој се насликани четворицата евангелисти и владички престол со резбан балдахин.[1]
Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била потчинета на Патријаршијата.[2] Обновена е во 1924 – 1926 г. што се гледа од некои икони и резбаните врати.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 2.