Црква „Св. Петка“ - Драчево
Света Петка — црква во месноста Три Круши над селото Драчево. До неа е подигнат голем крст кој навечер свети над Драчево. Непосредно пред црквата се изградени голем број на клупи и маси, а секое лето на сцената пред крстот се одржува културната манифестација Културно лето „Три Круши“[1]. Веднаш до црквата стои стариот камен (мермерен) крст со натпис Света Петка. Овој крст познат меѓу драчевци и како Корџев Крст, стоел на ова место многу одамна, кога најверојатно постоела црква со име Света Петка. Сегашната црква е возобновена во поново време од семејството Павлевци (според натписот над влезната врата на црквата). Внатрешноста на црквата е целосно живописана со фрески кои се дар од драчевските семејства. Местото е често посетувано од жителите на Драчево. Помеѓу 25 и 26 март 2012 година, во црквата бил извршен грабеж, при што биле украдени околу 6.000 денари и била причинета помала матеројална штета.[2]
Света Петка
| |
Црквата „Света Петка“ со големиот крст и новоизградената камбанарија во месноста Три Круши над Драчево | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Скопска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Драчево |
Општина | Кисела Вода |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Архитектонски опис |
Галерија
уреди-
Црквата Света Петка во месноста Три Круши над Драчево
-
Големиот крст во месноста Три Круши до црквата Света Петка, над Драчево
-
Стариот камен крст (Корџев Крст) на Света Петка
-
Крстот во месноста Три Круши над Драчево, погледнат од скалите кои водат кон црквата Света Петка
-
Фреската на Света Петка и натписот „од Павлевци“ над влезот
-
Црквата и амфитеатарот на кој се одржува културната манифестација „Културно лето - Три Круши“
-
Влезната порта на комплексот Три Круши и црквата Света Петка над Драчево
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-06-20. Посетено на 2010-12-30.
- ↑ „Од црквата „Св.Петка" на „Три круши" во Драчево украдени се 6.000 денари“. +Инфо. 27 март 2012. Архивирано од изворникот на 2012-03-30. Посетено на 2012-03-27.
„Црква „Св. Петка“ - Драчево“ на Ризницата ? |