Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (2013)
Свети Павле (грчки: Αγίου Παύλου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Павле | |
---|---|
Αγίου Παύλου | |
40°38′16.1″N 22°57′42.4″E / 40.637806° СГШ; 22.961778° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполна, ротонда |
Изградба | 1981 – 1997 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Историја
уредиХрамот се наоѓа во населбата Кастра, близу Солунското добротворно друштво. Сместен е на рид јужно над истоименото маало Свети Павле со поглед на градот и Солунскиот Залив. Камен-темелникот е поставен на 8 јуни 1981 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски и отворена од истиот епископ на 2 ноември 1997 г. Изградена е на парцела со површина од 4.400 м2, пдоарена од Солунското добротворно друштво во 1980 г. До 1992 г. парохијата била со центар во друг храм, на околу 100 м северно од овој. Во 1988 г. општината сакала да го сруши, но тука се вмешал министерот за Македонија и Тракија Стељос, Папатемелис и со тоа е зачуван.[2]
Архитектура
уредиГрадбата претставува крстокуполен храм кој преминува во ротонда, дело на архитектот Димитриос Христидис. Има трика ката поради наклонот на теренот, со вкупна висина од 38 м. Подрумот зафаќа 600 м2, а катовите зафаќат 1.200 м2. Идејата за трите ката е дело на инженерот Сотирис Кувелас. Во зградата има 6 училишни простории, 2 свечени сали и сала за неделно училиште.[2]
Во црквата се чуваат мошти од Апостол Павле, како и вредна икона на Богородица од непознат автор, датирана на 14 февруари 1881 г.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Άγιος Παύλος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-23. Посетено на 22 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 88.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (2013) на Ризницата ?