Црква „Св. Никола“ - Лужица (Берско)

црква во Лужица, Берско

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Лужица, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Натписот на црквата
Карта
40°29′34.08″N 22°10′48.00″E / 40.4928000° СГШ; 22.1800000° ИГД / 40.4928000; 22.1800000
МестоЛужица, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1750
Управа
Архијерејско намесништвоБерско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата се наоѓа во денес напуштеното село Горна Лужица. Изградена е во 1750 г. за време на митрополит Самуил според натписот над јужниот влез.[1] Слични се и натписите од црквите „Св. Преображение“ и „Св. Петар и Павле“ во соседното село Костемар, обете од 1745 г. Ова говори за постоењето на работилница за поправка на цркви во околината во тоа време.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Βουδούρη, Αθανασίου Γ (2008). Επισκοπική προσωπογραφία της μητροπόλεως Βέροιας και Ναούσης κατά την περίοδο της οθωμανοκρατίας (1430-1912) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή. стр. 82. Посетено на 1 јуни 2016.
  2. Βουδούρης, Αθανάσιος Γ (2011). „Πληροφορίες για δὐο μοναστήρια στο Βέρμιο και τον κάμπο της Ημαθίας κατά την Οθωμανική περίοδο (18ος - 19ος αι.)“. Μελετήματα Ημαθίας. 3: 185.