Црква „Св. Никола“ - Жилче
црква во селото Жилче
Свети Никола — главна селска црква во селото Жилче, Македонија.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Теаречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°1′46″N 21°3′34″E / 42.02944° СГШ; 21.05944° ИГД |
Место | Жилче |
Општина | Јегуновце |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1900 |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на основното училиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во јужниот дел на селото Жилче.
Историја
уредиСпоред едни извори, црквата била подигната во 1913 година,[2] додека според истражувањето на Јован Трифуноски во 1946 година во селото до 1922 година постоела многу стара црква, која во 1922 година била срушена и на нејзино место била подигната нова и поголема црква. Старата црква била трипати живописана.[3]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Апсидата
-
Влезот
-
Помошни објекти
-
Црквата со куполата
-
Помошниот објект
-
Поглед на црквата
-
Предниот дел на црквата
-
Портата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Години наназад православните верници од Жилче но и околните населени места секој 22 мај се собираат во црквата посветена на Свети Никола Мирлекиски“. КИСС ТВ. 25 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-09-10.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 444.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Жилче на Ризницата ?