Црква „Св. Никита Нов“ - Сер
Свети Никита Нов (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικήτα του Νέου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Никита Нов | |
---|---|
Αγίου Νικήτα του Νέου | |
41°4′44.0″N 23°32′12.8″E / 41.078889° СГШ; 23.536889° ИГД | |
Место | Сер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Изградба | 1994 – 2005 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Историја
уредиМитрополитот Константин Серски од Света Гора донел дел од моштите на Свети Никита Нов и ги поставил во катедралата „Св. Архангели“. На 25 мај 1994 г. е основана парохија Свети Никита Нов и на 10 ноември 1996 г. е поставен камен-темелникот на улица „Харилаос Трикупис“ бр. 71. Во 1998 г. на Томина Недела во црквата е извршена првата богослужба и во него се преместени моштите на светецот. Храмот официјално е отворен на 27 февруари 2005 г. од митрополитот Теолог Серски. Градбата е крстокуполна со убав живопис, полилеи и резбан дрвен иконостас. Има два параклиса — „Св. Ѓорѓи и Св. Мелпомена“ и „Свети Евстатиј“. На 3 мај 2008 г. во него свечено се одбележани 200 години од смртта на светецот Никита Нов на Света Гора.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίου Νικήτα του Νέου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.