Томина недела
Томина недела или Нова недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела недела или Мал Велигден (лат. Dominica in albis) — значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.[1] Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.[2]
Томина Недела | |
---|---|
Неверниот Тома. Дело на Дучо (1308) | |
Наречен и | Нова Недела, Антипасха, Бела Недела, Мал Велигден |
Го празнува(ат) | христијанскиот свет |
Вид | христијански |
Значење | Поверувањето на Неверниот Тома |
Датум | 8 дена по Велигден |
Поврзано | Велигден |
Житие
уредиТој е познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римското Царство да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет. Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротивставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој присуствувал на Успението на Пресвета Богородица на небото. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија. Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули. Во Православната црква, Источнокатоличката црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.
Празнување
уредиВо Византија, од Пасха до Антипасха не се случувале коњски трки, ниту пак било кои други игри. Оние кои се крштевале на Велика Сабота се облекувале само во бела боја, по што од овој ден продолжувале да се облекуваат вообичаено.[3] Во Бугарија на овој ден жените повторно бојадисуваат јајца и ги подаруваат за душите на своите покојни блиски, како веруваат дека така ќе ги заштитат од реинкарнација (повампирување).[4]
Наводи
уреди„Томина недела“ на Ризницата ? |
- ↑ (Јован, 20/25)
- ↑ (Јован, 20/27-29)
- ↑ „Томина недела“. Архивирано од изворникот на 2014-05-01. Посетено на 2014-04-27.
- ↑ Днес е Томина неделя