Црква „Св. Константин и Елена“ - Оморани

црква во селото Оморани

Свети Константин и Елена — главна селска црква во азотското село Оморани.[1][2]

Свети Константин и Елена

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Богомилска
Местоположба

Карта

Координати 41°31′59″N 21°36′32″E / 41.53306° СГШ; 21.60889° ИГД / 41.53306; 21.60889
Место Оморани
Општина Чашка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Константин Велики
Света Елена
Изградба 1871
1913
Зограф Димитрија Андонов-Папрадишки
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа на самото сретсело и преовладува во однос на куќите околу.

Историја

уреди

Црквата првин била изградена во 1871 година, но подоцна била запалена од страна на мештаните Албанци. Палењето на црквата се случило заради тоа што Албанците ја грабнале македонската девојка Венка, која потоа селаните Македонци со употреба на сила ја ослободиле и ја омажиле во селото Смиловци, поради што во знак на одмазда Албанците ја запалиле оморанската црква.

Црквата повторно била подигната во 1913 година од страна на Андреја Дамјанов, а била зографисана од страна на Димитрија Андонов-Папрадишки.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Богомилска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 23 август 2018.

Надворешни врски

уреди