Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Солун (1981)
Свети Кирил и Методиј (грчки: Αγίων Κυρίλλου και Μεθοδίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува поклонички храм.[1][2]
Свети Кирил и Методиј | |
---|---|
Αγίων Κυρίλλου και Μεθοδίου | |
40°36′42″N 22°57′9″E / 40.61167° СГШ; 22.95250° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Изградба | 1981 – 1985 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Храмот се наоѓа во населбата Пирги на улица „Стратигос Калидопулос“ бр. 2 во средината на истоимениот крајбрежен парк. Каменот-темелник е поставен на 17 јуни 1981 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски, а црквата е осветена во март 1983 г. и свечено откриена на 12 мај 1985 г. во присуство на претседателот Христос Сарѕетакис, 13 митрополити и министри. Првично државата доделила градежно место во универзитетскиот кампус близу стадионот „Кафтанзоглио“, каде на 11 мај 1971 г. митрополитот Леонид Солунски и водачот на хунтата Георгиос Пападопулос го поставиле каменот-темелник. Сепак, храмот почнал да се гради на денешното место десет години подоцна.[2]
Градбата претставува голема крстовидна црква со купола. Изградена е по урнек на цариградската црква „Пресв. Богородица Фароска“ од IX век — времето во кое живееле Кирил и Методиј. Во црквата се чуваат мошти на Свети Кирил, испратени во 1976 г. од папата Павле VI на патријархот Димитриј I, а тој пак ги испратил во митрополијата на нивиот роден град. Во храмаот има копија и на иконата на Богородица Вратарница.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Άγιοι Κύριλλος & Μεθόδιος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-27. Посетено на 21 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 77.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Солун (1981) на Ризницата ?