Црква „Св. Илија“ - Москополе
Црквата „Свети Илија“ (албански: Kisha e Shëndëlliut или Kisha e Shën Ilias) — православна црква во Москополе (албански: Voskopojë), област Горица, Албанија. Таа е споменик на културата во Албанија.[1]
Црква „Св. Илија“ - Москополе | |
---|---|
Локално име албански: Kisha e Shëndëlliut | |
Местоположба | Москополе |
Координати | 40°38′08″N 20°35′00″E / 40.63565° СГШ; 20.58331° ИГД |
Прогласено: | 1948 |
Историја и опис
уредиЦрквата Свети Илија во Москополе, Албанија е висока 11,5 метри, долга 20 метри и широка 13 метри. Има рамен таван на страничните кораби. Наосот е базилички тип и е поделен на три кораби (наосот и двата странични кораби) со два столба. Столбовите се камени и се поврзани со надолжни сводови, над кои високи ѕидови ги делат корабите. Средишниот кораб е осветлен со прозорци кои се наоѓаат на страничните кораби. На јужната страна е клаустерот, како и припратата. На западната страна немало клаустер. Дворот на црквата бил ограден со ѕидови, на чиј агол постоела камбанарија. Истите се обновени.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Religious buildings with the "Culture Monument" status“. Republic of Albania National Committee for Cult. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на 28 октомври 2010.
- ↑ „Map - IMK WebGIS“. imk.gov.al. IMK. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 13 октомври 2016.