Црква „Св. Дионисиј Олимписки“ - Владово

остатоци од црква во Селиште кај Владово, Воденско

Свети Дионисиј Олимписки (грчки: Αγίου Διονυσίου του εν Ολύμπω) — црква во селото Владово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Дионисиј Олимписки
Αγίου Διονυσίου του εν Ολύμπω
Карта
40°47′00″N 21°59′10.4″E / 40.78333° СГШ; 21.986222° ИГД / 40.78333; 21.986222
МестоВладово, Воденско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типбазилика
ЗавршенаXVII век
Управа
Архијерејско намесништвоВоденско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Урнатините на црквата се наоѓаат југозападно од Владово, во месноста Селиште, каде од 1600 до 1820-1830 г. се наоѓало старото село. Иконите и црковните книги од XVII - XVIII век од оваа црква денес се чуваат во црквата „Св. Димитриј“ во самото Владово.[1] Три икони од овој храм – „Христос Седржител“, „Света Недела и Света Петка“ и „Свети Атанас“, се од XVII век. Тие се дело на месни мајстори и имаат јасно видливо западномакедонско влијание.[2]

Во 1995 г. остатоците од црквата се прогласени за споменик на културата.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58110/1332/5-1-1995 - ΦΕΚ 165/Β/10-3-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-20. Посетено на 10 мај 2018.
  2. 2,0 2,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 575. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.