Црква „Св. Димитриј“ - Лажец
црква во Лажец, Битолско
Свети Димитриј — главна селска и гробишна црква во битолското село Лажец, Македонија.[1]
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°01′20.6″N 21°17′02.6″E / 41.022389° СГШ; 21.284056° ИГД |
Место | Лажец |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Димитрија Солунски |
Завршено | 1861 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Местоположба
уредиЦрквата е гробишен храм, подигната на извесно растојание североисточно од селото.
Историја
уредиЦрквата била подигната во 1861 година,[2] а обновена во 1996 година.[3]
За време на Првата светска војна, бугарската војска во црковниот двор го погребала нивниот потпоручник Фердинанд Доротоев (Доротеев) Попов, загинат на 6 октомври 1916 г. во преспанското село Р’мби.[4]
Архитектура
уредиПретставува голема трикорабна базилика со затворен трем на западната и јужната страна кој има заеднички покрив. Над западниот дел има камбанарија.
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Главниот влез
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Споредниот влез
-
Камбанаријата
-
Црковниот двор
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 199. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ „Лажец“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 446, л. 2, 3; а.е. 279, л. 76
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Лажец на Ризницата ?