Црква „Св. Димитриј“ - Кожушани
црква во Кожушани, Ениџевардарско
Свети Димитриј (грчки: Άγιος Δημήτριος) — црква во селото Кожушани, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Димитриј | |
---|---|
Άγιος Δημήτριος | |
41°2′14.3″N 22°9′14.0″E / 41.037306° СГШ; 22.153889° ИГД | |
Место | Кожушани, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Управа | |
Архијерејско намесништво | С’ботско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со женска црква, припрата, трем и камбанарија.[2] Оваа црква е впрочем новоградба, изградена како замена за претходната истоимена црква настрадана во пожар во 1990 г.[3] Од стариот храм се зачувани 11 икони од XIX век. Пет од нив се од 1887 г. и се потпишани од зографот Божин Стаменитов Ениџевардарец (χειρ Μποζύνου Σ. Γενιτζιότου).[1]
Црквата е прогласена за историски споменик на 16 мај 1996 г.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 574. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 мај 2018.
- ↑ 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/9773/306/17-4-1996 - ΦΕΚ 351/Β/16-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-09. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ . Δήμος Εξαπλατάνου http://lyk-exapl.pel.sch.gr/exaplatanos/filoteia.html. Посетено на 17 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help); Отсутно или празно|title=
(help)