Црква „Св. Димитрија“ - Вепрчани
Свети Димитрија — македонски православен црковен храм и манастирски комплекс кој се наоѓа во селото Вепрчани во областа Мариово. Сместена е на зарамнетиот врв на ридот веднаш над самото село. Градбата на манастирска црква потекнува од средновековието, а придружните услужни објекти како кујна, трпезарија и соби за преноќување се изградени во поново време кон крајот на XX век. Поради подобри услови и и поширокиот простор во дворот на оваа црква се одржува прославата на селската слава Спасовден со голем општонарден собор на кој има посетители од Вепрчани и луѓе со потекло од него, Прилеп, Скопје и странство. Пред самата црква, од двете страни на оградата има две многу стари дабови дрвја со огромни стебла, од кои едното е уништено и изгорено по удар на гром.
Свети Димитрија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прилепечко-витолишка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Вепрчани |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј |
Изградба | среден век |
Архитектонски опис |