Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обедник
црква во селото Обедник
(Пренасочено од Црква „Св. Богородица“ - Обедник)
Успение на Пресвета Богородица (позната и како: Света Богородица) — главна селска црква во демирхисарското село Обедник, сместена пред влезот во селото.[1]
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Демирхисарска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°09′55″N 21°09′59″E / 41.16528° СГШ; 21.16639° ИГД |
Место | Обедник |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | 1956 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри пред влезот на селото, непосредно на десната страна од патот. Околу црквата се наоѓаат и самите селски гробишта.
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1956 година на стари темели.[2]
Архитектура
уредиХрамот претставува еднокорабна градба, а покривот е на две води од ќерамиди. Има полукружна апсида. Била градена со кршен камен и тули во горниот дел под венецот, а фасадите се фугирани.[2]
Подот во внатрешноста на црквата е од бетон. На западната страна се протега трем.[2]
Галерија
уреди-
Црквата
-
Гробиштата со црквата
-
Црквата од патот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 60. ISBN 978-608-65616-4-2.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обедник на Ризницата ?