Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бегниште
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Бегниште.[1][2]
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата со камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Маренска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′6.4″N 21°57′21″E / 41.401778° СГШ; 21.95583° ИГД |
Место | Бегниште |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | 1881 |
Живопис | 1881 |
Зограф | Вангел, Никола и Коста Анастасович |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трокорабна |
Таа се наоѓа во самото село, сместена под Тренчевското Маало.
Историја
уредиПодигната и живописана е во 1881 година, од браќата Вангел, Никола и Коста Анастасович од Крушево. Ова го потврдува натписот кој се наоѓа над северниот влезод внатрешната страна на црквата. Друг натпис во црквата се наоѓа над западниот влез одвнатре во црквата кој гласи:[2]
„ | „Петре Андон епитроп на времето неино сеп. м. се стори за цркфата се изписа в лето 1880 и маиа 6“ | “ |
Архитектура
уредиЦрквата има големи димензии и по својата архитектурна форма таа е трокорабна со два реда колони.[3]
Фрескоживопис
уредиЦелата црква е живописана.[3]
Во првата зона на јужниот ѕид е прикажано Второто пришествие (Страшниот суд), а над него е Жртва Аврамова, Рождество на Св. Јован Крстител и Гозбата на царот Ирод. На северниот ѕид во првата зона се стоечки фигури, а во втората Каменувањето на архиѓакон Стефан, Христос и Самаријанката на бунарот и Христос им се јавува на апостолите на море. Во олтарниот простор се светите архијереи, а над нив Богородица Ширшаја. На јужната страна е насликана композицијата Причестување на апостолите, а на спротивната Воведение Богородично.[3]
На иконостасот има царски двери изработени од непознат копаничар.[3]
Галерија
уреди-
Зографскиот натпис
-
Камбанаријата на црквата
-
Поглед на црквата
-
Споредната врата на црквата
-
Фреска над споредниот во црквата
-
Животинска врата над влезот во црквата
-
Влезот во црквата
-
Фреска над влезот во црквата
-
Тремот на црквата
-
Крстови во дворот на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 5 февруари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Архивирано од изворникот на 2018-02-07. Посетено на 5 февруари 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бегниште на Ризницата ?