Црква „Св. Благовештение“ - Прилеп
„Св. Благовештение“ попозната и како Стара Црква се наоѓа во Прилеп. Црквата е изградена од познатите прилепски мајстори Коста Лауцо и Ристе Тасламиче во 1838 година.[1] Црквата е со димензии 32 м должина, 26 м ширина и 9 м висина.[2]. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на македонскиот револуционер Пере Тошев.
Свето Благовештение
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Прилеп |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Благовештение
градител=Дамјан Јанкулов |
Живопис | 19 век |
Архитектонски опис |
Историја
уредиИницијативата за изградба на црквата ја покренале угледни личности, чорбаџии и занаетчии, сакајќи на прилепчани да им ја остварат вековната желба за божји храм. Голема улога за добивање документ за изградба одиграле еснафите, особено тутунскиот еснаф. Клучна била улогата на тогашниот тутунски трговец - Аџи Христо Дамјанович.[3] Тој имал храброст да ги изнесе желбите на своите сограѓани пред османлиската власт. Познанството со Рушид-паша го искористил да го запознае султанот со желбата на прилепчани да добијат црква, во која ќе се пее и богослужи на мајчин јазик. Напишал молба до султанот, барајќи да се подигне црква. Отишол во Цариград најпрво на средба со патријархот Григориј, а потоа со Рушид-паша успеал да влезе во дворецот на главниот секретар на султанот. Му одговориле дека треба да чекаат неколку месеци. Ферманот за градење на црквата бил добиен во 1835 година.
Извесна баба Мита од семејството Миџовци го дала својот имот, зашто тоа било најдобро место за градба на црквата, а сите еснафи се согласиле да дадат материјал за побрзо да се изгради божјиот храм. Биле ангажирани надалеку прочуените мајстори Коста Лауцот и Ристо Тасламиче, а како нејзини архитекти се јавуваат Дамјан Јанкулов Рензовски и Китан Петров. Прилепчани одлучиле црквата да му биде посветена на празникот „Светото Благовештение“ зашто дотогаш во градот не пристигнала поблага и поубава вест. Осветувањето го извршил митрополитот Пелагониски Герасим. На чинот присуствувале сите свештеници и речиси целиот град. На чело бил Аџи Поп Константин Динка, првиот архијерејски намесник во Прилеп, а сослужувале свештениците Христо Икономовски, Ангеле Смичковски, Константин Пантов и други. Црквата „Св. благовештение“ и ден денсе е духовен центар за верниците и расадник на свештеници.
Архитектонски опис
уредиЦрквата е долга 32 метри, широка 26 метри, а висока 9 метри и е ѕидана во бигорлив делкан варовник, со многу колони од северната, западната и јужната страна. На источната страна е изграден широкиот олтарен простор со апсидата. Наосот на црквата го сочинуваат три кораби формирани од два реда масивни колони. Централниот кораб е полукружно засводен и се издига повисоко од страничните кораби. Кон западната страна на црквата е т.н. „женска црква“. Галериите се на јужната и на северната страна на црквата, во горниот дел на тремовите. Заедно со црквата се градела и камбанаријата, во барокен стил.
Внатрешност
уредиСо својата убавина, но и вредност особено плени иконостасот во црквата. Не е помала вредноста и на владичкиот стол, амвонот и на троделниот стол на Аџи Христо. Овие дела се одраз на карактерите на мајсторите што ги изработиле - предводници на своите тајфи Петре Филипоски - Гарката и неговиот зет Димитар Станишев. Иконостасот е сочуван во изворна состојба. Долг е 16 метри, висок 6,2 метри, а во својата основа е праволиниски. Изработен е од ореово дрво. Петар Гарката го работел во делови три години во куќата на браќата Мисиркови. Чинел околу 1.000 турски лири. Деловите подоцна биле составувани во црквата. Иконостасот е на два ката поделен на неколку појаси. Првиот кат има китабиња, фриз и колони со престолни икони. Над престолните икони има фриз работен во длабока резба со растителна орнаментика. Корнизот е граница меѓу двата ката. Потоа се празничните икони кои се поместени во горниот дел од иконостасот. Особено вредно ремек-дело на мајсторот Гарката е и владичкиот стол. Тој е едно од неговите последни уметнички дела и единствен од таков вид во земјава. Висок е 5 метри, широк 92 сантиметри, а длабок 86 сантиметри. Во долниот дел има два лава во лежечка положба, а пред нив змии. На предната страна од престолот има два лава, а над нив два феникса со раширени крилја и подигнати глави. На задната страна е поставена икона на која е насликан Господ Исус Христос, како цар заедно со четворица евангелисти.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Внатрешноста на црквата
-
Иконостасот на црквата
-
Каин го убива Авел, детаљ од иконостасот
-
Амвонот во црквата
-
Детаљ од амвонот
-
Владичкиот стол во црквата
-
Евангелистот Матеј, детаљ од владичкиот стол
-
Детаљ од иконата на Благовештението
Наводи
уреди- Златко Ангелески; „Сто и седумдесет години осветување на црквата Свето Благовештение“, Прилеп 2009
- ↑ „Архитектура“. Општина Прилеп.
- ↑ „Св. Благовештение, Прилеп“. www.culturemap.mk.[мртва врска]
- ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 83. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)