Црква „Св. Бессребреници“ - Ново Крушево
црква во Ново Крушево, Зихненско
Свети Бессребреници Кузман и Дамјан (грчки: Αγίων Αναργύρων) — црква во селото Ново Крушево, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Бессребреници | |
---|---|
Αγίων Αναργύρων | |
Поглед на црквата | |
40°47′39″N 23°50′28″E / 40.79417° СГШ; 23.84111° ИГД | |
Место | Ново Крушево, Зихненско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Аспровалтско |
Епархија | Серско-нигритска |
Црквата е првично изградена во 1951 г. Значително настрадала во земјотресот од 1978 г. и затоа е срушена и изградена од темел. Осветена е во 2004 г. од митрополитот Теолог Серско-нигритски.[1]
Во парохијата влегуваат и храмовите „Св. Ѓорѓи и Св. Рафаил“ и „Св. Бессребреници“ во Долно Крушево, „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ во Горно Крушево и „Св. Петка“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίων Αναργύρων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 18 октомври 2019.