Црква „Св. Атанасиј“ - Суво Грло

црква во селото Суво Грло

„Свети Атанасиj“ – македонска православна црква во демирхисарското село Суво Грло, Македонија. Административно, црквата е дел од Сопотничката парохија, на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво, на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1][2][3]

„Свети Атанасиј“
македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Сопотничка
Местоположба

Карта

Место Суво Грло
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба 1886
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна базилика

Црквата се наоѓа околу 1 километар источно од селото. Изградена е во 1886 година. Архитектонски таа е еднокорабна базилика, покриена со полукружен низок свод, со полукружна апсида на исток без отвор и трем на запад. Ѕидовите се направени е од кршен камен. Фасадата е фугирана. Покривот е на две води со ќерамиди. Од оригиналниот фрескопис зачувана е само сликата на Света Богородица во конхата на апсидата.[2]

Наводи

уреди
  1. „Суво Грло“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 18 март 2019.
  2. 2,0 2,1 Димитров, Никола В (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 87. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија (PDF). Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 25. ISBN 978-608-65143-2-7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-24. Посетено на 2019-03-18.