Црква „Св. Атанасиј“ - Модрич
Свети Атанасиј — црква во селото Модрич.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Втора струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°22′19.7″N 20°33′58.3″E / 41.372139° СГШ; 20.566194° ИГД |
Место | Модрич |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Архитектонски опис |
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Црквата во целост е варосана во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Преданија
уредиСпоред М. С. Филиповиќ, со црквата се поврзуваат повеќе преданија. Ако чуварот на црквата заборавел да го запали кандилото, тоа самото се палело. Во турско време, вратата на црквата секогаш била отворена, така што се случило некој сејмен да упадне и украде 300 гроша. Кога се обидел да излезе од црквата, вратата била затворена и се отворила откако парите ги вратил на местото од кое ги одзел. Потоа, се верува дека сејменот ги советувал своите да работат што сакаат, но во вакуф да не чепкаат. Постои и предание дека некои Турци, кои ги навредувале иконите во црквата, ослепеле. Во време на окупацијата на Македонија во Втората светска војна, по наредба на буагрските власти била отстранета плочата со грчки натпис, по што соседното маало настрадало од силна провала; кога плочата била повторно вратена, провалата на местото престанала.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ К., М.. „Денеска е Св. Атанасиј Велики и Кирил Александриски Архивирано на 16 јануари 2019 г.“. Вечер. 31 јануари 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Модрич на Ризницата ?