Црква „Св. Атанасиј“ - Куфалово
црква во градот Куфалово, Солунско
Свети Атанасиј (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — црква во градот Куфалово, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Свети Атанасиј | |
---|---|
Άγιος Αθανάσιος | |
Поглед на црквата од исток | |
40°46′55″N 22°35′0″E / 40.78194° СГШ; 22.58333° ИГД | |
Место | Куфалово, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | базилика |
Изградба | XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Куфаловско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Храмот важи за вреден пример за духовната архитектура во Беломорието од втората половина на XIX век. Во неа има икони од ениџевардарскиот мајстор Божин Стаменитов.[1]
Прогласена е за историски споменик на 23 септември 1986 г.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/25769/651/11-7-1986 - ΦΕΚ 617/Β/23-9-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-22. Посетено на 18 октомври 2014.