Црква „Св. Атанасиј“ - Дуско

црква во Дуско, Гребенско, Егејска Македонија

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Дуско, Гребенско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
40°7′39″N 21°8′19″E / 40.12750° СГШ; 21.13861° ИГД / 40.12750; 21.13861
МестоДуско, Гребенско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1865
Управа
ЕпархијаГребенска

Црквата е сместена во североисточниот дел на селото. Според натписот над горниот праг на влезот, таа е подигната во 1865 г. од мајстори од Керасово и месните жители.[1][2] Градбата претставува голема камена трикорабна базилика со припрата и отворен трем со сводови од јужната страна.[3] Покривот првично бил од камени плочи.[2]

Во храмот се зачувани многу икони на мајстори на Самаринската школа. Две икони од 1867 г. — на Исус Христос, потпишана „διά χειρός Μιχαήλ και Ιωάννου Αντωνίου σαμαριναίων“ и една друга икона се дела на мајсторите Јован Антониу и Михаил од Самарина.[4]

Во 1987 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Οικισμοί Γρεβενών“. Σύλλογος Γρεβενιωτών Κοζάνης "Ο Αιμιλιανός". Посетено на 20 јуни 2024.
  2. 2,0 2,1 Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 138. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. „Οι Εκκλησίες του χωριού μας“. Δοτσικό. Архивирано од изворникот на 2015-01-28. Посетено на 20 јуни 2024.
  4. Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις) (грчки). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 345. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/51770/1233 π.ε./26-1-1987 - ΦΕΚ 271/Β/2-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 20 јуни 2024.