Црква „Св. Атанасиј“ - Долно Дупени
Свети Атанасиј — македонска православна црква во ресенското село Долно Дупени.[1] Црквата се наоѓа на 2 километра источно од селото. Во нејзината непосредна околина, низ обраснатиот предел, се распознаваат остатоци од темели на објекти, како и стари гробови. Храмот претставува едноставна градба, со ѕидови од необработен фугиран камен и полукружна апсида на источната страна. Само околу јужниот влез во наосот, вградени се обработени камени блокови, кои го формираат полукружно засведениот премин. Внатрешноста од наосот, јужниот и северниот ѕид прекриена е со ѕидно сликарство. Според натписот над јужниот влез од внатрешната страна, живописот е датиран во 1864 година. Истите непознати мајстори во таа прилика ги насликале и ѕидовите во олтарниот простор како и западниот дел од црквата, односно нартексот. На многу места, под сликарството нанесено во 19 век, најповеќе на местата каде се одлуштени парченца од живопис, се наѕираат остатоци од постар слој на сликарство. Ова постаро сликарство, кое според стилските каралктеристики најверојатно потекнува од 17 век, најзабележливо е на источниот ѕид од олтарниот простор. Импровизираниот иконостас, составен е од икони изработени во различни временски периоди и тоа од 17, XVIII и XIX век. Најголем дел од иконите потекнуваат од периодот на поствизантиското сликарство и тие можат да се поврзат со постариот слој на ѕидно сликарство во црквата.[2]
Свети Атанасиј
| |
Дел од иконостасните икони | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Долно Дупени |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | 17 век |
Живопис | 1864 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна градба |
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина Архивирано на 28 февруари 2016 г.. Битола, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.
„Црква „Св. Атанасиј“ - Долно Дупени“ на Ризницата ? |
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |