Црква „Св. Архангели“ - Крушево (Серско)

црква во Крушево, Валовишко

Свети Архангели (грчки: Αγίων Ταξιαρχών Αχλαδοχωρίου) — црква во селото Крушево, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Архангели
Αγίων Ταξιαρχών
Поглед на црквата
Карта
41°19′5.4″N 23°32′20.9″E / 41.318167° СГШ; 23.539139° ИГД / 41.318167; 23.539139
МестоКрушево, Валовишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна псевдобазилика
Завршена1812
Управа
ЕпархијаВаловишка

Црквата претставува трикорабна псевдобазилика длабоко вкопана во земја со пространа женска црква и отворен трем на запад. Според натписот над западниот влез, изградена е во 1812 г. Внатре има икони од 1816 г. и други периоди на XIX век. Била глвен храм на селото сè до изградбата на „Св. Илија“ во 1870 г.[1]

Во 1995 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/29603/725/25-7-1995 - ΦΕΚ 694/Β/7-8-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-31. Посетено на 27 октомври 2014.