Црква „Св. Јован Богослов“ - Вержани

црква во Вержани, Серско

Свети Јован Богослов (грчки: Αγίου Ιωάννου Θεολόγου) — црква во селото Вержани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Свети Јован Богослов
Αγίου Ιωάννου Θεολόγου
Карта
41°0′15.3″N 23°37′47.4″E / 41.004250° СГШ; 23.629833° ИГД / 41.004250; 23.629833
МестоВержани, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполна базилика
Завршена1930
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Црквата е изградена во 1930 г. од грчките доселеници од Мала Азија во селото. Осветена е на 7 мај 1950 г. од митрополитот Константин Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполен храм, кој наликува на изгорената митрополска црква во Бурса. Ова е одразено на ктиторскиот натпис на западниот ѕид на храмт: „ΠΑΡΘΕΝΕΥΩΝ ΕΙΣΕΛΘΕΤΟΝ ΝΟΥΝ ΕΝΘΑΔΕ ΝΑΟΣ ΓΑΡ ΕΣΤΙΝ ΙΩΑΝΝΟΥ ΠΑΡΘΕΝΟΥ ΕΚΤΟΥ ΚΑΤΑΣΤΡΑΦΕΝΤΟΣ ΙΕΡΟΥ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΙΚΟΥ ΝΑΟΥ ΠΡΟΥΣΗΣ“. Подоцна е додадена и женска црква. Во 1940 - 1945 г. храмот е живописан. Во 2002 г. фреските се исчистени и подновени.[1]

Во парохијата влегува и црквата „Св. Петка“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 31 октомври 2014.