Црква „Св. Јован Богослов“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Свети Јован Богослов (грчки: Μεγάλου Θεολόγου Βέροιας) средновековнацрква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот е дел од парохијата на „Сретение Господово“.[3]

Сети Јован Богослов
Μεγάλου Θεολόγου Βέροιας
Дејсис
Карта
40°31′35.74″N 22°12′13.81″E / 40.5265944° СГШ; 22.2038361° ИГД / 40.5265944; 22.2038361
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типеднокорабен храм
ЗавршенаXIII век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска
Фреска

Црквата е изградена во XIII век. Од првичната градба е зачуван само жртвеникот, кон кој водела трикорабна базилика со дрвен покрив, како и дел од главниот кораб. Во XIV век е срушена нишата на ѓаконикот, а на нејзино место е направена нова. Денес храмот е еднокорабен со кос покрив.[1][2]

Фрески има само во преживеаните првобитни делови. Претставата на Богородица Поширока од небесата со два ангела во конхата на апсидата датира од XIII век. Од истиот период се и „Причеста на Апостолите“, „Вознесението“ на фронтонот од источниот ѕид и Благовештението на предниот дел на нишата. на јужниот ѕид е насликано Рождеството, а на северниот е Слегувањето во адот и Свети Јован Богослов со Дева Марија. На крајот се редот прелати, пророците и светиите. Кон почетокот на XIV век е изработена фреската на Свети Јован со Богородица.[1]

Храмот е прогласен за споменик на културата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Πέτκος, Αντώνης. „Ναός Μεγάλου Θεολόγου Βέροιας“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-07-12. Посетено на 18 мај 2014.
  2. 2,0 2,1 „Μέγας Θεολόγος“. Discover Veria. Посетено на 30 јули 2016.
  3. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 23 јули 2016.