Црква „Св. Ѓорѓи Граматиков“

црква во Бер, Егејска Македонија

Свети Ѓорѓи Граматиков (грчки: Άγιος Γεώργιος του Άρχοντος Γραμματικού) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијат ана „Сретение Господово“.[2]

Свети Ѓорѓи Граматиков
Άγιος Γεώργιος του Άρχοντος Γραμματικού
„Свети Ѓорѓи“, XVI век
Карта
40°31′37″N 22°12′9″E / 40.52694° СГШ; 22.20250° ИГД / 40.52694; 22.20250
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата е изградена на почетокот на XIV век. Нејзината архитектура претрпела неколку промени помеѓу XVI и XVII век. Денес храмот претставува трикорабна базилика со дрвен покрив. Ова е една од најважните цркви во градот поради обилно украсената внатрешност — живописот датира од 1380 г. па сè до почетокот на XVIII век. На јужниот ѕид се наоѓа впечатливата сцена „Окованиот Христос со монаси“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Άγιος Γεώργιος του Άρχοντος Γραμματικού“. Discover Veria. Посетено на 23 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 23 јули 2016.