Црква „Св. Ѓорѓи“ - Црквино

Свети Ѓорѓимакедонски православен храм во селото Црквино, Велешко. Изградбата датира од 1819година[1], а по својот изглед, црквата, е иста како црквата Свети Спас во блиското село Ногаевци. Поради напуштањето на селото од страна на христијанското македонско население денес црквата е во крајно лоша состојба[2], а предвидена е нејзина обнова од министерството за култура. За иконата на Свети Кирил Филозоф во оваа црква истражувања вршела Донка Барџиева. По повод патрониот празник на црквата Ѓурѓовден, таа е доста посетена од христијани кои водат потекло од селото Црквино, а денес живеат во Велес.

Св. Ѓорѓи
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Местоположба

Карта

Место Црквино
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Георгиј
Изградба 1819
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. „Се распаѓа црквата „Свети Ѓорѓи" во велешкото село Црквино“. еПорта3. 22 јануари 2009. Посетено на 2011-03-20.[мртва врска]
  2. „Црквата Свети Ѓорѓи во село Црквино е пред распаѓање“. ЦД Радио. Архивирано од изворникот на 2009-01-30. Посетено на 2011-03-20.