Црква „Св. Ѓорѓи“ - Серменин
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во гевгелиското село Серменин.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Негорска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′05.1″N 22°20′38.2″E / 41.218083° СГШ; 22.343944° ИГД |
Место | Серменин |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Изградба | 1834 |
Живопис | Ѓорѓи Хаџи Ников (обновен) |
Зограф | Андон Китанов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во југозападниот дел од селото.
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1834 година, што е забележливо од записот во женскиот дел на храмот, а истата била обновена кон крајот на XIX век од страна на градителот Андон Китанов. Повторно била обновена во 1940 година.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани и со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид. Апсидата е украсена со пет плитки ниши. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови, распоредени во два реда со по четири столба.[1] Кон јужната страна на црквата е доградена припрата. Ѕидот на оваа страна од градбата е фрескоживописан, а во него е сместена и влезна врата.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда. Во него се наоѓаат камбанаријата и трпезарија. Камбанаријата има квадратна основа и се издига над јужниот дел на оградата од дворот на црквата, во непосредна близина на влезната порта. Трпезаријата е сместена во југозападниот дел од дворот.
Фрескоживопис
уредиВнатрешноста на црквата била фрескоживописана во 1847 година, а фрескописот бил обновен во 1951 година од страна на гевгелискиот живописец Ѓорѓи Хаџи Ников.[1]
Икони и иконостас
уредиИконостасот во црквата го сочинуваат стари икони кои потекнуваат од XIX век. Царските двери биле изработени во резба од страна на зографот Андон Китанов.[1]
Галерија
уреди-
Камбанаријата
-
Поглед на црквата од селото
-
Камбанаријата
-
Припратата и камбанаријата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Серменин на Ризницата ?