Црква „Св. Ѓорѓи“ - Кучково

црква во селото Кучково

Свети Ѓорѓи (позната и како: Свети Ѓорѓија Победоносец) — македонски православен храм и главна манастирска црква на Кучковскиот манастир, во скопското село Кучково, Општина Ѓорче Петров[1].

Свети Ѓорѓи

Влезот во Кучковскиот манастир во селото Кучково

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Парохија Ѓорчепетровска
Местоположба

Карта

Координати 42°4′5″N 21°17′59″E / 42.06806° СГШ; 21.29972° ИГД / 42.06806; 21.29972
Место Кучково
Општина Ѓорче Петров
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1346
Архитектонски опис

Историја

уреди

Се верува дека црквата била изградена во 1346 година. Низ годините, црквата, како и целиот манастир, биле запоставени и почнале да пропаѓаат, но кон крајот на XX век биле обновени. Во тој период биле изградени и камбанаријата, старите и новите конаци, библиотеката и други помошни објекти.

Иконостасот во црквата бил направен од страна на Петре Камењарката од кратовското село Лесново од делкан камен и е еден од ретките од тој вид во Скопско. Фреските во манастирската црква биле обновени од Петре Велешанецот со неговата тајфа.[2] Впечатлив е целиот фрескоживопис на црквата.[3]

Во црквата се наоѓале и познати икони на Св. Богородица и Св. Јован, кои сега повеќе не се наоѓаат во самата црква.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Прво крштевање во манастирот св Ѓорѓија во с. Кучково“. Општина Ѓорче Петров. Скопје. 13 август 2014. Архивирано од изворникот на 2015-11-20. Посетено на 17 мај 2016.
  3. „Културни споменици од христијански карактер“. Општина Ѓорче Петров. Скопје. 4 март 2010. Архивирано од изворникот на 2016-05-08. Посетено на 17 мај 2016.
  4. Мирчевска Јовановиќ, Мирјана (10 април 2015). „Чудесната моќ на манастирот „Св. Ѓорѓија" над Кучково“. КАНАЛ 5 - Телевизија. Скопје. Посетено на 17 мај 2016.

Надворешни врски

уреди