Кучковски манастир
Кучковски манастир — македонски православен манастирски комплекс кој се наоѓа во скопското село Кучково.[1]
Поглед на Кучковскиот манастир од патот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Кучково |
Други имиња | Манастир „Св. Ѓорѓија Победоносец“ - Кучково |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1346 |
Посветен на | Свети Ѓорѓи |
Епархија | Скопска |
Цркви | Црква „Св. Ѓорѓи“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Кучково, Општина Ѓорче Петров Македонија |
Координати | 42°4′8″N 21°18′1″E / 42.06889° СГШ; 21.30028° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Ѓорчепетровска парохија) |
Самата црква на манастирот потекнува од 1346 година, додека помошните објекти, конаците и самата камбанарија потекнува од крајот на XX век, кога целиот манастир бил обновен. Сместен е на рид над селото.
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа северно од селото, сместен на рид над селото.
Историја
уредиСредишниот дел на манастирот е изграден во 1346 година, а од 1986 до 1990 година биле изградени камбанаријата, старите и новите конаци.[2]
Монаштво
уредиВо манастирот постоел монашки живот до 2014 година, кога починал последниот монах Наум.[3]
Цркви
уредиЦрква „Св. Ѓорѓи“
уредиЦрквата „Св. Ѓорѓи“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Иконостасот во црквата бил направен од страна на Петре Камењарката од кратовското село Лесново од делкан камен и е еден од ретките од тој вид во Скопско. Фреските во манастирската црква биле обновени од Петре Велешанецот со неговата тајфа.[2] Впечатлив е целиот фрескоживопис на црквата.[4]
Во црквата се наоѓале и познати икони на Св. Богородица и Св. Јован, кои сега повеќе не се наоѓаат во самата црква.[3]
Галерија
уреди-
Влезот во манастирот заедно со камбанаријата
-
Влезот во манастирот
-
Во конаците на манастирот
-
Манастирот погледнат од патот
-
Параклис во близина на манастирот
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Прво крштевање во манастирот св Ѓорѓија во с. Кучково“. Општина Ѓорче Петров. Скопје. 13 август 2014. Архивирано од изворникот на 2015-11-20. Посетено на 17 мај 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Мирчевска Јовановиќ, Мирјана (10 април 2015). „Чудесната моќ на манастирот „Св. Ѓорѓија" над Кучково“. КАНАЛ 5 - Телевизија. Скопје. Посетено на 17 мај 2016.
- ↑ „Културни споменици од христијански карактер“. Општина Ѓорче Петров. Скопје. 4 март 2010. Архивирано од изворникот на 2016-05-08. Посетено на 17 мај 2016.
Надворешни врски
уреди- Кучковски манастир на Ризницата ?