Црква „Св. Ѓорги“ (Видубички манастир)
Црквата Свети Ѓорги (украински: Георгіївський собор) претставува централниот христијански храм во Видубичкиот манастир во престолнината на Украина, Киев.
Црква Свети Ѓорги | |
---|---|
Георгіївський собор | |
Место | Киев |
Земја | Украина |
Вероисповед | УПЦ-КП |
Историја | |
Основана | 19 век |
Посветена на | Свети Ѓорги |
Архитектура | |
Стил | украински барок |
Завршена | 18 век |
Комплаксот претставувал важен културен центар уште во времето на Киевска Русија. Првиот камен темелник на овој комплекс бил ставен во 1070 година, кога била изградена Михаиловата црква.
Изградбата на денешната црква започнала кон 1696 година, за да по пет години, црквата биде целосно изградена и официјално осветерна на 15 јули 1701 година од страна на митрополитот Варлам.
Во времето кога земјата била управувана од советските власти, катедралната црква била затворена, а имотот конфискуван. Во 1936 година избувнал пожар кој го зафатил иконостасот на црквата. Следниот пожар се случил во 1967 година кога ентериорот на црквата бил целосно уништен.
Реновирањето на црквата започнало по овој пожар. Денеска, црквата е под контрола на Украинската православна црква - Киевска патријаршија.