Црква „Свети четириесет маченици“ - Велико Трново

Црквата „Свети четириесет маченици (бугарски: Свети Четиридесет мъченици) – средновековна бугарска црква која се наоѓа во подножјето на тврдината Царевец во Велико Трново, Бугарија. Храмот е споменик на културата од исклучително значење за бугарската историја.

Црква „Свети четириесет маченици“
Основни податоци
МестоВелико Трново, Бугарија
Припадностправославие
Духовно-организациски статуснеактивна, споменик на културата
ВодствоБугарска православна црква
Мреж. местоhttp://www.st40martyrs.org/
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква, триапсидна, трикорабна базилика
Архитектонски стилвизантиски
Завршен1230

Историја

уреди

Се смета дека на ова место се наоѓала црквата „Раѓање на пресвета Богородица“ подигната во IX век. За време на владеењето на царот Јован Асен II црквата е обновена и посветена на Светите четириесет маченици севастиски во чест на големата победа во Битката кај Клокотница на 9 март 1230 година (ден на Светите четириесет маченици севастиски), над солунскиот цар Теодор Анѓел. Откога починал во Трново, во црквата е погреба свети Сава, кој подоцна е пренесен во манастирот Милешево, а денес на местото на неговиот гроб се наоѓа спомен-плоча. Во XIII – XIV век црквата „Свети четириесет маченици“ станала една од најубавите цркви на манастирот „Велика лавра“.

Во црквата „Свети четириесет маченици“ се наоѓаат Омуртагов натпис, Асенов натпис и царински натпис од тврдината Родосто, за време на владеењето на канот Крум.

Во оваа црква погребани се следниве бугарски цареви:

Цариците:

На 22 септември 1908 година во оваа црква кнезот Фердинанд I ја прогласува независноста на Бугарија.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди